Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 6.2.2023 година.
еферентните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,271 %, кај дизелот 4,708 %, кај екстра-лесното масло 4,532 % и кај мазутот 0,836 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/лит.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/лит.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „еросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Од 9.2.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ 82,00 (денара/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ 84,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ 41,411 (денар/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 9.2.2023 година.